Хоџа: Одолговлекувањето на кризата носи негативни последици врз биснисот

Неби Хоџа, претседател на Стопанска комора на северозападната комора на Македонија, во отвореното студио на ТВ Нова истакна дека како стопанска комора не можат да предвидат колкави се штетите, меѓутоа данокот што го плаќаме и штетата што ќе ја претрпиме во иднина се рефлектира подоцна и ќе се одрази на бизносот.

„Со ваков ребаланс на буџет, ние како бизнисмени имаме ситуација кога ако ни се крати нешто што е планирано да се инвестира, тоа се рефлектира негативно врз бизнисот“, истакна Хоџа.

Тој додаде дека за да го постигнеме стандардот што го сакаме сите, реален раст би бил 5 до 6 посто.

„ Со економски раст од 2 отсто, временскиот период да се постигне целта е многу подолг. Ќе треба ангажираност од страна на политичарите и бизнисмените. Со ваков раст не можат да се реализираат сите проекции. Како стопанственици сме резервирани во смисла на капиталните инвестиции во нови проекти, но и во однос на соработката со странски партнери. Секое одолговлечување на кризата носи негативни последици врз биснисот“, вели Хоџа.