Интензивно се работи на инфраструктурата во индустриската зона Прилеп 1

Деновиве со забрзано темпо се работи на изградбата на инфраструктурата во индустриската зона Прилеп 1, се асфалтираат улиците и се поплочуваат тротоарите со бекатон плочки.

prilep2

Инвестицијата е во износ од 8 милиони денари, а парите се обезбедени како донација од Светска банка.

prilep7

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

-Досега се асфалтирани 380 метри од улицата во оваа зона, се градат тротоарите од двете страни на коловозот, а ќе се постави и улично осветлување. Со ова на еден начин од 80 до 90 проценти ќе биде инфраструктурно завршена оваа зона. После отворањето на погоните, кои интензивно се градат тука, во оваа зона ќе може да се отворат од 1.500 до 2.000 нови вработувања и мислам дека ова ќе биде вистински пример во Македонија како треба да изгледа една современа индустриска зона, истакна градоначалникот Марјан Ристески.

prilep6

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Напоредно со оваа зона во тек се тендерски постапки за продажба на локации во индустриската зона Прилеп 2, каде што е предвидено да има 15 локации, а 5 локации веќе се продадени.

prilep5

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Со продажбата и на останатите 10 локации, што се очекува да се случи до крајот на оваа година, од 2017 година се планира и во оваа зона да се започне со изградба на инфраструктура.

prilep2

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Со изградбата на овие две индустриски зони како и ТИРЗ Прилеп, овој град станува еден од најинтересните региони во Македонија за привлекувањето на домашни и странски инвеститори.