Конференција: 25 години независна Македонија – што научивме за македонската економија?

Зголемена вклученост на образовните институции во создавањето на високо квалификуван кадар, поголема соработка помеѓу странските и домашните бизнисмени во земјава, овозможување на услови за нови вработувања и подобрување на животниот стандард на граѓаните. Ова се дел од предизвиците со кои ќе се соочи земјава  во иднина, изјавија експертите на конференцијата посветена на 25 годишнината од независноста на македонската економија.

Во овие 25 години македонската економија помина низ многу турбулентен период, сметаат експертите. За одржлив раст потребна е бизнис клима која нема да зависи од политичката состојба во државата. Напредокот во економијата ќе биде значаен само доколку нема поделени мислења за клучните приоритети во стопанството.

Инаку прогнозите за економскиот раст за годинава не само на домашните туку и на меѓународните финансиски институции се движат нешто над 2%. Политичката криза е причината што за речиси 2 процентни поени е намалена првичната проекција. Пооптимистични се очекувањата за следните две години кога растот на БДП се очекува да биде над 3,5%.

Иле Петревски