Мизо: Со отворањето на турската „Чагатај кабло“ ќе се намали увозот на резервни делови за фирми како „Ван Хол“

Турската компанија од автомобилската индустрија „Чагатај кабло“ за месец и половина ќе почне со изградба на капацитет во Македонија, инвестиција вредна 6 милиони евра со која ќе се овозможи директно вработување на 200 лица.

Значењето на изградбата на турската компанија, „Чагатај кабло“ нема да биде изразено само преку новите 200 вработувања, туку со неа ќе се зголеми додадената вредност што ќе се креира во Македонија, истакна директорот на ТИРЗ, Виктор Мизо. Тој појасни дека работата на оваа фабрика ќе го намали увозот затоа што останатите странски компании во Македонија, пред се „Ван хол“, ќе набавуваат резервни делови од оваа фабрика, а нема да ги увезуваат од странство.