Над 10.000 илјади вработувања со новиот оперативен план 2017

Над 10.000 граѓани ќе се вработат преку мерките и програмите на новиот оперативен план за 2017 година. Планот се состои од 22 програми и мерки за вработување и 11 услуги на пазарот на труд, а за негова реализација ќе бидат инвестирани 14,2 милиони евра – најави вицепремиерот Пешевски.

Од вкупниот број планирани нови работни места, најголемиот дел од нив очекуваат да бидат креирани преку проектот Македонија вработува 2.

Во планот се опфатени сите старосни групи на граѓани кои активно бараат работа, како и социјално ранливите категории на граѓани, а особен фокус ќе биде ставен на младите до 29 години и рамноправна застапеност и на женскиот пол.

По повод новиот оперативен план, на својот фејсбук профил се огласи и лидерот на ВМРО – ДПМНЕ Никола Груевски кој напиша дека од 2007 до 2016 година, спроведувањето на годишните оперативни планови било доста успешно, при што, од 100.000 невработени лица кои земале учество, 43.400 се вработиле и сеуште се во работен однос.

Во 2016 година, 32.141 лице чествувале во некоја од предвидените активности, а за една година, дури 9.481 лица се вработени преку некоја од мерките. Според последните статистички податоци стапката на невработеност во Македонија е намалена на историски најниско ниво од 23,4%. Надлежните очекуваат мерките да допринесат до 2018 година стапката на невработеност да биде под 22% а до 2020 година таа да изнесува од 17 до 18%.

Данче Азманова