Најдобрите млади банкари учеа од вицегувернерот Кадиевска

Како се спроведува монетарната политика, која е улогата на Народната банка во платните системи, како се одржува стабилност на девизниот курс, како се управува и инвестира со девизните резерви и како Централната банка управува со финансиите.

Овие прашања и други аспекти за работата на Секторот за операции на финансиски пазари и платни системи во рамки на Народната Банка пред околу 130 млади банкари ги презентираше вицегувернерката Маја Кадиевска Војновиќ во рамки на семинарот кој во организација на Академијата за банкарство и информатичка технологија се одржа во Народната банка.

Младите банкари лично од гувернерката слушнаа како функционира монетарната политика и кои одлуки ги носи Народната банка посебно во време на турбулентни движења на пазарите. Академијата вчера го прослави вториот роденден од нејзиното формирање.

Досега низ модулите на оваа Академија поминале над 300 менаџери за ризици, службеници за усогласеност, специјалист за сметководство и за кредитен аналитичар, а меѓу предавачите биле врвни професионалци од домашните банки, гувернерот Богов, вицегувернерот на Хрватската народна банка, и на Централната банка на Црна Гора.

Александра Спасевска

 

 

.