Неизвесна останува судбината на Југохром

Неизвесна останува судбината на Југохром од Јегуновце.  Вработените  од ноевмри минатата година не одат на работа, а компанијата не работи.

По втората забрана за забота, изречена од Инспекторатот за животна средина, раководството на компанијата заедно со синдикалните претставници денеска се сретнаа  со министерот за животна средина и просторно планирање. По средбата  истакнаа дека  сите алтернативи  и предлози биле ставени на маса, а    министерот Амети дал цврсто убедување дека на наредната владина седница, оваа точка ќе биде ставена на дневен ред.

„Конструктивна беше средбата. Ги разгледавме сите алтерантиви. Добив цврсто убедување од министерот дека на следната владина седница оваој проблем ќе се стави на дневен ред и ќе се бара решение . југохром неможе да го изрджи повеќе овој товар  , има над 700 вработуени, па се надеваме дека ќе најдеме заеднички јазик“ изјави Васко Скендеровски, директор на Југохром од Јегуновце.

Не е точно дека Југохром е најголемиот загадувач на Тетово, велат до Синдикатот. Бараат да се симне зaбраната за работа, а тие да продолжат со работа.

Синдикалните претставници  велат дека  нема да дозволат над 700 семејства  да останат  без својата егзистенција. Доколку не се најде решение за проблемот, најавија нови протести.  Југохром не работи од ноември минатата година, откако доби забрана за работа од Инспекторатот за животна средина со образложение дека комбинатот не ги исполнил  условите за воведување на А интегрирана дозвола, односно воведување на  филтри против загадување, обврска согласно законите во земјава.

 Љупка К. Камчева