Николовски: Нашиот фокус е животот и зголемување на платите

Носителот на кандидатската листа во Изборната единица 3 на СДСМ Љупчо Николовски попладнево беше во посета на Штип каде на граѓаните им бил претставен Планот за живот во Македонија.

– Нашиот фокус е животот и зголемувањето на платите во Македонија. Минималната плата во 2017 година во месец април ќе ја зголемиме на 12.000 денари, со цел на крајот на првиот мандат минималната плата да биде 16.000 денари. Тоа ќе важи за секој вработен во индустријата за текстил, обувки и кожа, рече Николовски.

Најави и поддршка за фирмите односно за секоја фирма која исплаќа минимална плата дококолку формира Влада, СДСМ ќе субвенционира по 1.900 денари месечно.

– Во секое семејство секоја година ќе влегува дополнително уште една месечна плата која ќе дојде преку враќање на 15 отсто од ДДВ. Ќе ги смалиме таксите и трошоците на секое семејство. Ја враќаме евтината тарифа на струјата секој викенд и дополнително по два часа секој ден во неделата. Ќе ја укинеме радио дифузната такса и ќе ги преполовиме изршителските трошоци, рече Николовски.