Нова турска инвестиција – „Чагатај кабло“

Турската компанија „Чагатај кабло“ во јули ќе почне со изградба на капацитет во Македонија. Оваа инвестиција е вредна 6 милиони евра ќе овозможи директно вработување на 200 лица.

Директорот на ТИРЗ, Виктор Мизо појасни дека работата на оваа фабрика ќе го намали увозот затоа што останатите странски компании во Македонија, пред се „Ван хол“, ќе набавуваат резервни делови од оваа фабрика, а нема да ги увезуваат од странство.

Инвестицијата ја најави лидерот на ВМРО – ДПМНЕ, Никола Груевски кој додаде дека покрај првичните 200 вработувања во првата фаза, од компанијата размислуваат и за дополнителни вработувања во втората фаза.

Од компанијата напоменуваат дека ќе произведуваат кабли и други електрични инсталации за автомобили, автобуси, возила во градежниот сектор и други возила и механизација.

До крајот на годинава се очекува да се заврши целата изградба, и на почетокот на 2018 година да отпочне со работа.