Нови задолжувања на Владата (ВИДЕО)

И покрај ветувањата на новата влада дека нови задолжувања нема да има денеска Министерсвото за финансии се задолжи за 30.4 милиони евра.

Иако министерсвото за финансии денес се обиде да се задолжи за 34.7 милиони евра побарувачката за државните хартиии од вредност од страна на банките беше помал. Станува збор за шест месечни државни записи без девизна клаузула во износ од 150 000 000 денари и каматна стапка од 1,5% со датум на достасување на 14.02 2018.

Потоа аукција на 12 месечни државни записи без девисна клаузула во износ од 200 000 000 со каматна стапка од 1,85 % и датум на достасување на 08.08. 2018.

Аукција на петгодишни државни обврзници со девизна клаузула во износ од 450 000 000 денари, каматна стапка од 2,5% и датум на достасување 10.08 2022, аукција на петнаесетгодишни државни обврзици со девизна клузула, во износ од 1 200 000 000 денари со каматна стапка од 3,80% и датум на достасување 2032 година.

Токму помал интерес имаше за подолгорочните харии од вредност односно за петгодишната и петнаесетгодишната обврзница. Во текот на утрешниот ден, односно на 9 август по основ на доспеани долгови, министерсвтвото за финансии треба да врати сума во износ од 19, 1 милиони евра.

За задолжувањето, се работи за хартии од вредност со рок на враќање од 6 и 12 месеци и 5 години.

Откако Тевдовски раководи со министерсвото за финансии за два месеци се задожи со над 100 милиони евра. И покрај острите критики во минатото додека СДСМ беше опозиција за задолжувањата како на домашниот така и на странските пазари до сега Владата постојано се задолжува.

Тие и во предизборната кампања велеа дека државата е презадолжена и ветуваа дека нема да има нови задолжувања. Токму и бројачаникот за износот на јавниот долг на кој секој граѓанин може да се види колкав е долгот на државата од ден за ден постојано расте.

 

Андреа Сибиновска