Падот на приходите од нафтата го зголеми данокот во Саудиска Арабија

Саудиска Арабија воведе висок данок на стоките за широка потрошувачка за да го надомести падот на приходот од нафтата.

Поради тоа цените на цигарите и енергетските и безалкохолните газирани пијалаци се зголемени за 50 отсто.

Саудијците досега не мораа да го плаќаат тој вид на данок, но падот на цената на нафтата од 2014 година на светскиот пазар, ги наведе властите да побараат друг начин на извори на приходи.