Поставен камен-темелникот на нова фабрика во Бунарџик, ќе се отворат 200 работни места

Нови 200 работни места ќе се отворат со новата фабрика на домашната компанија ФПЦ Технопласт, која денеска го постави камен темелникот во Технолошко-индустриската развојна зона Скопје.

Станува збор за инвестиција во износ од 10 милиони евра. Целокупното производство, според најавите, ќе се извезува и вградува во автомобилските брендови БМВ, Ауди и Рено.

На поставувањето на камен-темелникот присуствуваа претседателот на Владата за спроведување на изборите Емил Димитриев и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

ФПЦ Технопласт произведува пластични компоненети за автомобилската, електричната и електронската индустрија.

Компанијата е фирма-ќерка на компанијата „Тетепласт” која функционира во Македонија скоро 20 години и своето производство, пред се, го наменува за странскиот пазар.