Продавачи ни за лек: Газдите се жалат дека не можат да најдат работници

Приближно осум илјади работни места им се нудат на невработените лица во земјава во претпријатија кои работници бараат преку Агенцијата за вработување. И покрај тоа стапката на невработеност во Македонија се уште е висока и според последните објавени податоци изнесува 22,6 проценти.

Од она што најмногу се бара на пазарот на труд се продавачи и работници во преработувачката индустрија, но и градежни работници и во финансиската дејност. Во евиденцијата на Агенцијата за вработување работа бараат вкупно 96.728 лица, од кои поголемиот дел се машка популација. Работодавачите, сепак, се жалат дека не можат да најдат работници.