Рударството очекува успешна година

rudarstvo2

2016-та година е оценета како успешна за рударскиот сектор.

Турбулентна година со рекорден  пад на цените на металитите во последните 10 години . Надлежните од оваа индустија ја сумираа работата во ланската година. Очекувањата  се дека на рударството во земјава му следува подобра година бидејки во полна пареа ќе работат сите рудници. Од асоцијацијата на рударството побараа од властите да се зајакнат контролите со што би се намалило нелегалното вадење на песок од речните корита.

„Изминатава 2016 година беше прилично тешка, со многу ниски цени на металите, најниски во последната деценија, Злетово и Тораница не работеа. Но, и во вака тешки услови, рударскиот сектор ја заврши успешно. Очекуваме и 2017-та да биде исто така успешна, уште повеќе ако имаме доволно разбирање и соработка со надлежните институции, особено со министерствата за економија и за животна средина“, истакна претседателот на Асоцијацијата Николајчо Николов на прес-конференција во Стопанската комора.

Рудниците Злетово и Тораница веќе започнаа со работа, вели Николов. Во јамите се вратија сите рудари додава тој. Ќе се работи со нови машини и во подобри услови.Поради безбедносни причини  од асоцијацијата одлучија рударите да го стопираат ископот додека не поминат овие  енормно ниски температури.

Во последниот извештај на статистика за индустриското производство рудаството бележи пад на годишно ниво од речиси 17%, состојба која со сигурност ќе се промени по стартот на Тораница и Злетово. Во земјава во овој сектор се вработени околу 13 илјади лица. Во рудникот Бучим  просечната плата изнесува 450 евра.Во  Македонија рударството учествува  во просек со  1,5% во  БДП .

Иле Петревски