Синдикатите бараат да има порамнување на платите во јавната администрација согласно минималната плата

 

Да има порамнување на платите во јавната администрација согласно минималната плата но и промени на Општиот колективен договор за јавниот сектор бара Конфедерацијата на слободни синдикати. претседателот на КСС Благоја Ралповски вели дека не функционира социјалниот дијалог и оти се кршат законите и Деловникот за работа на Економско-социјалниот совет. Најави генерален штрајк и протести по изборите.

– Веднаш по завршувањето на локалните избори доколку надлежните органи и нивните
претставници на локално ниво и дел од раководствата во јавниот сектор продолжат со
досегашниот начин на кршење на правните документи, КСС ќе преземе легитимни и легални
мерки, како што се организирање протести пред надлежните државни институции кои се
директни носители на споменативе состојби, ќе организира генерални штрајкови на ниво на
јавниот сектор вклучително генерален штрајк на национално ниво во сите дејности, истакна на
прес-конференција претседателот на КСС Благоја Ралповски.

Синдикалците најавија дека нема да дозволат кршење на работните права. Навестија кривични постапки против сите оние кои не ги почитуваат правата на вработените во јавната администрација. КСС поканила претставници од меѓународните синдикални организации со цел на да ги согледаат и увидат состојбите во Македонија.

Елена Равановска