Стопанствениците загрижени: Македонија влезе во рецесија

Македонија влезе во рецесија за само 4 месеци власт на СДСМ. Рецесијата е предизвикана како резултат на политичка одлука на владата да ги преполови капиталните инвестиции, а тоа го успорува градежништвото и со тоа и 25 поврзани гранки.

Во вториот квартал имаме негативен раст на БДП од 1,8 од сто и 0 по сто раст во првиот квартал, што значи дека сме во праг на рецесија. Треба да се направи проценка на целите на БДП бидејѓи зголемувањето од 2,2 од сто е невозможно. Ќе бидеме задоволни ако оваа година достигнеме раст од 0,7 до 1 по сто БДП“, вели Неби Хоџа – претседател на Комората на Северозападна Македонија.