Трајков: На РМ и се случува економско фијаско

На Република Македонија и се случува економско фијаско во режија на СДС.

Катастрофалните и штетни економски политики кои во изминатите четири и пол месеци ги спроведува расипничката влада на СДС ја турнаа Република Македонија во рецесија. Македонија влезе во рецесија. Рецесијата значи минусно економско салдо и загуби во економијата.

Во изминатите четири месеци имаме пад на сите макроекономски показатели во Република Македонија.

Неспособното раководство на СДС потфрли на секое поле во македонската економија и државата ја турна на работ пред банкрот.

Една од главните причини за економскиот крах на економијата е преполовување на расходите за капитални инвестиции кое некадарното раководство на СДС го направи.

Само за споредба, во првите пет месеци во период кога функционираше техничка влада, во далеку полоша и посложена ситуација за капитални инвестиции на месечно ниво од буџетот се инвестираа околу 25 милиони евра.

Со доаѓањето на СДС и Зоран Заев, во јуни, јули и август, трошење на парите од буџетот на капитални инвестиции изнесува скромни 14 милиони евра.

Потенцираме, од 25 милиони евра месечно расходи за капитални инвестиции, владата СДС ги намали на 14 милиони евра и оваа е најголемата причина за економскиот пад во Република Македонија.

Преполовените капитални инвестиции, директно влијаат на пад во градежништвото кое е претставува мотор и главен двигател на растот на бруто домашниот производ.

Намалување на градежните активности, повлекува пад на уште 25 индустриски гранки, што значи дека македонската економија е во слободен вртоглав пад.

Домашниот бизнис кризира. Тоа значи дека најголемиот негативен ефект ќе го почувствуваат малите и средни бизниси.

Рецесијата, надополнета со разнишаните девизни резерви може да го загрози и денарот.

Имаме и пад во градежништвото за огромни 25 отсто за месец јуни но и падот во другите индустриски гранки, негативно ќе се одрази врз намалување на невработеноста, што ќе значи дека во Република Македонија наместо нови вработувања, ќе имаме отпуштање на работници.

СДС е неславен рекордер. За пет месеци ја втурна во рецесија цела држава.

На неодговорноста, на лагите и манипулациите, на лошите економски политики на СДС, граѓаните ќе им стават крај на 15-ти октомври. СДС на локалните избори жестоко ќе биде поразен.

Сашо Трајков, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ