Трпески: Владата на СДС за само 4 месеци ја втурна Македонија во рецесија

Владата на СДС создаде хаос во македонската економија. Владата на СДС за само 4 месеци Република Македонија ја втурна во рецесија. Оваа рецесија владата на Зоран Заев ја предизвика со одлуката да се преполоват капиталните инвестиции во државата, обвинува Славче Трпески, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

-Со оваа одлука се успори градежништвото и другите 25 поврзани гранки. Рецесијата значи минусно економско салдо и загуби во економијата. Откако СДС е на власт имаме пад на сите макроекономски показатели. Со лошото управување со економијата СДС предизвика пад на извозот, намалување на просечната плата и намалување на производството.

Врвот на сето ова е што владата на СДС преку енормното задолжување на државата дополнително ја влоши економијата. Да потсетиме, за овие 4 месеци СДС ја задолжи државата за неверојатни 320 милиони евра, а во месец август топењето на државните резерви надмина 180 милиони евра, или вкупно половина милијарда евра за кои граѓаните не знаат на што се потрошени или пак ќе бидат потрошени. Да почитувани граѓани, рецесијата предизвикана од неспособната влада на Заев значи зголемена сиромаштија кај граѓаните, неинвестирање во Република Македонија, поголема стапка на невработеност, потенцира Трпески.