Упад во автономијата и обид за насилна промена во ССМ

Власта прави нов обид за промена на раководството на ССМ, обвинува првиот човек на сојузот Живко Митревски. Вели дека обидот за смена на раководството е незаконски и историски скандал незапаметен во синдикалната историја во Европа. Изјави дека министерката за труд Мила Царовска диретно го крши законот и на меѓународните конвенции, се спротиставува и на судските одлуки и на судската власт. Митревски побара оставка од Царовска.

Поддршка против ваквиот антисиндикален чин насочен против автономијата на синдикатите, синдикалното движење и правото на избор пристигна од светската и европска конфедерација на синдикати.

Митревски потсети дека кривична пријава добила и предходната министерка Фросина Ременски, која според него врз основа на фалцификувани документи предходно на ист начин направила  обид за насилна смена.

Сепак ССМ го уверува членството дека без оглед на уцените и притисоците ќе ја брани автономијата на синдикалното движење и ќе се бори и понатаму за зголемување на минималната плата како во јавниот така и во приватниот сектор.

Елена Равановска