ВМРО-ДПМНЕ: Како фирмата Си Ен Џи Системс ги добива тендерите за гас во општина Струмица

delev2

ВМРО-ДПМНЕ прашува како фирма со само еден вработен, без никакви средства и без никаков имот редовно ги добива тендерите за гас во општина Струмица и колку пари инкасирала фирмата на Митко Андреевски во изминативе три години.

– Најважно од се е дали фирмата Си Ен Џи Системс ги исполнува сите услови кои ги побарува ЈП Струмица гас за да го добие тендерот за набавка на гас во општина Струмица, рече Христијан Делев на денешната партиска прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој праша дали Митко Андреевски бил еден од најблиските советници на Бучковски кој бил инволвиран во партискиот скандал кога вртел по емисии и го манипулирал јавното мислење преку службен телефон од Министерството за одбрана.