Вработените во „Југохром“ бараат рестартирање на фабриката

Синдикалната организација на Југохром од тетовско Јегуновце ги ангажираше работниците на уште еден протест и блокирање на автопатот Тетово-Скопје на наплатната рампа кај Желино при што сообраќајот до 13 часот беше блокиран во двата правци.

Синдикатот на Југохром бара да се тргне забраната за работа на фабриката затоа што, како што велат, возможно е поставување филтри во текот на работниот процес, како и да се избегне социјална катастрофа со отпуштање на стотина работници.