За 70 дена Тевдовски ја задолжи државата за 101 милиони евра (ВИДЕО)

Министерот за финансии Драган Тевдовски за само 70 дена успеа да ја задолжи државата за 101 милион евра само по основ на аукции на државни хартии од вредност, обвини денеска Соња Гелова Стојанова од ВМРО-ДПМНЕ. Според нејзе ако до само некој месец СДСМ зборувале за презадолженост на државата, а сега за безмалку на неделна основа се задолжува државата со десетици милиони евра.

– Министерот за задолжување Драган Тевдовски, само по основ на државни хартии од вредност на дневно ниво ја задолжи државата за речиси 1,5 милиони евра. Министерот за задолжување Драган Тевдовски, само по основ на државни хартии од вредност на на секој час ја задолжува државата за речиси 62.500 евра. Министерот за задолжување Драган Тевдовски, само по основ на државни хартии од вредност секоја минута ја задолжува државата за речиси 1.050 евра, рече Гелова Стојанова

Како што кажа таа, за само 70 дена министерот Тевдовски успеал да го задолжи секој македонски граѓанин за нешто над 3.100 денари.

– Ако на ова ги додадете 126 милиони евра стопени девизни резерви и планираните дополнителни 150 милиони евра нови долгови, тогаш бројките ќе бидат фрапатни. Таа запраша дали македонските граѓани го заслужуваат тоа и додаде дека во предизборниот период СДСМ ветувале кули и градови, но сме добиле само задолжување за кое немало никакво објаснување за тоа каде парите ќе се трошат.

Според проспектот на Министерството за финансии за во вторник на 15 август е закажана аукција на државни записи и државни обврзници со што Владата планира да се задолжи за уште 44,6 милиони евра на домашен пазар.

Се нудат државни записи со рок на достасување од 1 година во вредност од 27,4 милиони евра. 15 годишна државна обврзница од 15 милиони евра и 5 годишна оврзница од 3,2 милиони евра.
Министерот за финансии Драган Тевдовски најави дека во иднина ќе ја намали френквенцијата на аукции на државни хартии од вредност.

Александра Спасевска