Заев најави нов пакет мерки за привлекување странски инвестиции

Со пакет нови мерки ќе се привлекуваат странски инвестиции и ќе се поддржуваат тековните. Условите ќе бидат еднакви како за странските така и за домашните компании, најави премиерот Зоран Заев на денешната средба со бизнисмените од македонско-германското стопанско здружение. Новиот пакет мерки ќе биде во насока на поголемо стимулирање на компаниите што повеќе вложуваат во развојот, а тоа, ќе се контролира од завршната сметка.

Нов пакет мерки директна државна помош за поттикнување на нови инвестиции и поддршка на тековните со кој и домашните и странските компании ќе имаат еднакви услови, најави претседателот на Владата при работната средба со македонско – германско стопанско здружение. Еден од предусловите за компанијата да ја добие државната финансиска помош ќе биде таа да прикаже раст на приходите и зголемување на бројот на вработените во текот на една календарска година, објасни Заев.

Задача на владата не е да создава компании, туку да креира амбиент и поволни услови за тие да инвестираат во земјава, истакна вицепремиерот за економски прашања осврнувајќи се на 3 групи мерки за инвеститорите.

Германија е еден од најголемите трговски партнери на Македонија. Во над 200 германски компании кои имаат свое седиште во земјава, се вработени околу 15.000 граѓани. Трговската размена помеѓу двете држави изнесува 2,8 милијарди евра, пред се, благодарение на автомобилската индустрија.

Данче Азманова