Зиков: За растот на вработеноста влијание имаат странските инвестиции, за падот на невработеноста влијание има и иселувањето

Стапката не е намалена и се намалува со години. Од една страна пораснала вработеноста, за што влијание имаат странските инвестиции, зоните и тоа може да се поздрави, меѓутоа во делот на падот на невработеноста голема компонента на влијание има иселувањето на младите професионалци, истакна бизнисменот и сопственик на „Капитал“, Љупчо Зиков во „Отворено студио“ на ТВ НОВА.

„Во целиот овој период од 15 години, не само во последните 10,  трендот е застрашувачки. Седев со пријател во бизнисот кој вели дека секоја недела млади луѓе даваат отказ со образложение дека одат да работат во европски земји, и тоа не се случува само тука, туку и во регионот. Пред тој факт не можеме да замижиме, меѓутоа фер е да се каже дека големо влијание имаше и оваа компонента“, рече Зиков.

Додаде дека има и млади луѓе кои остануваат во Македонија и земаат 4 илјади евра од државата за да основаат свој бизнис.