Бошков: Македонските компании не знаат да подготват добар бизнис план

Она што најмногу го интересира стопанственикот или бизнис заедницата е како до полесен пристап до пари.Правевме една паралела зошто треба да се задолжуваме на странскиот пазар но зошто треба на домашниот,вели Миле Бошков, претседател на конфедерацијата на работодавци во Отвореното студио на Тв Нова.

-Кога разговараме со банките има една реченица која не звучи убаво а тоа е дека македонските компании не знаат да подготват добар бизнис план.Тоа значи дека парите остануваат во банките а подобро е барем некој да ги користи отколку ние цело време да говориме дека имаме потреба од полесен пристап до финансии а од другата страна да немаме реални проекти за подобрување на економијата-анализира Бошков.