Детали од средбата: Димитров и Коѕијас разговарале за тоа како да комуницираат

Комуникациските модалитети меѓу двете земји, како и комуникациските механизми во рамки на Европската унија биле дел од темите за кои денеска
разговарале министрите за надворешни работи на Македонија и Грција, Никола Димитров и
Никос Коѕијас, кои се сретнаа на маргините на состанокот на шефовите на дипломатиите на
земјите од ЕУ во Брисел.

– Разговаравме за прашања поврзани со комуникациите, комуникациските механизми во ЕУ,
при што потенцирав дека мораме да имаме исправна политика за да имаме исправна
комуникација, рече Коѕијас по средбата.

Тој во разговорот со Димитров потенцирал дека Европа има потреба од политики засновани на
вредности, демократија, на социјални прашања, како и на визијата за поинакво општествата,
јави АНА-МПА.