ЕУ ќе се бори против лажните вести во медиумите

Европската комисија соопшти дека формиа група од експерти кои ќе предложат начини за борба со лажни вести и дезинформации.

Во групата ќе учествуваат претставници од научната фела, онлајн платформи, медиуми и граѓански органзиации. Тие ќе придонесат за изготвување идната година европска стратегија за борба со ширењето лажни вести, јави БТА.

Еврокомесарот Марија Габриел коменитираше дека во основата се акции за заштита на правото на граѓаните на квалитетна информација. Граѓани, социјални мрежи, медиуми и иследници се поканети да споделат мислења до средината на февруари идната година.