Хоџа: Каматните стапки на банките мора да бидат пониски

Приватниот сектор секогаш бара секогаш да има полесен пристап до финансии но и каматните стапки да бидат подостапни заради придобивка, вели за Тв Нова, Неби Хоџа, претседател на Стопанска комора на северозападната комора на Македонија.

– Ние имаме ситуации каде нашите банки диригираат камати каде економијата не може да им дозволи на компаниите да се развиваат според плановите што ги предвиделе.Имаме ситуација каде што банките во нашиот регион каматните стапки ги зголемија поради ризикот од компаниите што ги земаат кредитите.Но во случајот со Македонија ризикот е најмал во однос на околните држави.Каматните стапки имаат можност да бидат пониски и поприфативи за компаниите-вели Хоџа.