Еден загинат и двајца повредени во сообраќајка на автопатот Градско – Велес

Едно лице загина, а две се повредени во сообраќајна несреќа што се случи утринава на автопатот Градско – Велес, кога патничко возило БМВ се превртело на коловозот.

Како што соопшти МВР, сообраќајката се случила во 4,00 часот на околу 500 метри после наплатната станица Градско, во која „БМВ“-то со скопски регистарски ознаки управувано од Л.И.(26), изгубило контрола на движење, преминало на левата страна на коловозот и се превртело.

– Во возилото како сопатници биле лицата Е.Е.(24) од Гостивар, кој починал на место на настанот, додека А.О.(20) од Гостивар и едно непознато женско лице, се здобиле со повреди и се пренесени во Медицински центар Велес, наведуваат од МВР.