Го удирале со железни предмети: Малолетник претепан во ТЦ Бисер

Четириесет и седумгодишна скопјанка синоќа во полиција пријавила дека околу 19:40 часот на  бул.„Јане Сандански“ во Трговскиот центар Бисер, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од страна на повеќе лица кои го удирале со тупаници и железни предмети во пределот на главата и телото.

Како што соопшти МВР, малолетникот од ударите се здобил со видлива повреда во вид на расекотина на главата и оток и црвенило на рацете и грбот, а напаѓачите избегале во непознат правец.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.