Кражба во филијала на „Македонски пошти“

Непознато лице вчера насилно го одзело дневниот промет од филијалата на „Македонски пошти“ на улицата „Гоце Стојчевски“ во Скопје.

Како што соопшти денеска МВР, кражбата се случила во 12:50 часот откако сторителот, заканувајќи се со огнено оружје, од вработената го одзел прометот и го напуштил местото на настанот.

Се преземаат мерки за негово пронаоѓање и целосно расчистување на случајот.