Кривична пријава за гостиварец за две тешки кражби

policija

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Џ.И. (23) од село Дебреште, Гостиварско поради постоење основано сомнение за сторени две кривични дела „тешка кражба“.

Како што соопшти денеска МВР, првото кривично дело пријавениот го извршил на 26 декември 2016 година во деловната просторија на сервисот за мобилни телефони „Мобител“ во рамки на ДООЕЛ „Прима“, лоциран во градскиот безистен во Струга, сопственост на И.Ќ. од село Октиси. Крадецот со употреба на подесен предмет од излогот одзел повеќе мобилни телефони.

Второто кривично дело пријавениот го извршил на  27 декември 2016 година во менувачница „КЕ-МЕ“, лоцирана на улицата „Ѓорѓи Ѓоргон“ во Струга, сопственост на М.М. од Струга. Пријавениот со подесен предмет ја отворил вратата од каде одзел 50 швајцарски франци и метален сеф во кој имало метални монети денари и евра, со што е причинета материјална штета од 70.000 денари.