Маж од Кичево пронајден мртов со видливи траги на насилство

Синоќа околу 19:00 часот во Кичево на ул.„11 Октомври“ било пријавено дека во неговиот дом бил пронајден починат И.П.(42).

Од страна на лекар од Итна медицинска помош констатирана била смрт а на телото биле забележани видливи повреди во вид на модринки и црвенило во пределот на подбрадокот и вратот.

Увид на местото на настанот бил извршен од страна на Јавен обвинител и увидна екипа од ПС-Кичево, а по наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот е предадено за обдукција.