Момче претепано пред трговски центар

На 20.10.2017 година во 16:10 часот во Полициската станица Тетово, Н.З. (20) од с.Добарце пријавил дека истиот ден околу 13.00 часот околу 10 непознати лица извршиле насилство врз него додека бил со негов братучед од с.Желино и негов другар.

Неговиот братучед и другар со возило отишле во Трговски центар „Ремол“, додека Н.З. заминал по нив.

Кога стигнал на вториот кат, непознато лице му се доближило и му рекло да не го бара повеќе на телефон. Н.З. не застанал, а истото лице го повикало да излезе надвор да разговараат. Кога излегол на паркингот, непознатото лице веднаш физички го нападнало, удирајќи го со тупаница во пределот на главата.

Во тој момент друго непознато лице го удрило со тврд предмет по главата, а набргу потоа им се приклучиле уште осум непознати лица кои го удирале со тупаници и клоци во пределот на главата и телото. После тоа, Н.З. бил пренесен во Клиничка болница Тетово, каде му биле констатирани телесни повреди. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата и за целосно расчистување на случајот.