Мртва жена пронајдена во Вардар кај Велес

Жена на возраст од околу 70 години, вчера во 12:50 часот, била пронајдена мртва во водите на реката Вардар на место „Долни Дуќани“ во Велес, од страна на граѓанин, соопшти МВР.

По овластување на јавен обвинител, увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Велес. Се преземаат мерки за утврдување на идентитетот на лицето и целосно расчистување на случајот.