Нападнати малолетници кај Железничката станица во Скопје

Две малолетни лица биле нападнати вчера околу пладне на автобуската постројка под Железничката станица во Скопје.

– Педесет и едногодишниот З.Ф. синоќа во 20:30 часот пријавил дека дента околу 12:15 часот во Скопје, на бул. „Кузман Јосифоски-Питу“ на автобуска постројка под Железничка Станица-Скопје, кон неговиот 16-годишен син, кој бил заедно со неговите двајца другари на возраст од 15 и 16 години, додека чекале автобус, се доближила поголема група од непознати лица на возраст од околу 15 до 17 години и едно од лицата почнало да го удира едниот малолетник во пределот на главата. Потоа бил нападнат и синот на пријавителот, по што напаѓачите  избегале во непознат правец, соопшти полицијата