Неуспешен грабеж на пошта во струшко Велешта

policija-ilustracija-4 полиција

Непознати сторители вчера или завчера ја исекле железната решетка и насилно ја отвориле алуминиумската влезна врата од поштата во струшкото село Велешта по што влегле внатре и од една од просториите одзеле метален сеф.

Како што информира МВР, потоа со употреба на штица го туркале низ скалилата се до асфалтниот пат, каде го оставиле по што го напуштиле местото на настанот.

Во присуство на екипа од Надворешната канцеларија за криминалистички работи-Струга, металниот сеф бил отворен од раководителот на поштата, при што било констатирано дека сторителите не успеале да го отворат.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за расчистување на случајот.