Ограбени две цркви во Маврово

crkva

Непознати сторители, ги ограбиле црквите Св. Никола во селото Маврово и Св. Кирил и Методиј во Маврови Анови и ги однеле доброволните прилози на верниците.

Според СВР Тетово, чии екипи извршиле увид, тешките кражби најверојатно се случиле во периодот од полноќ, па до утрово на речиси идентичен начин. Во објектите е влезено со кршење на катинарите на влезните врати, а потоа биле разбени и кутиите во кои се собираат парични прилози.

Од првичните сознанија, од црквата Св. Никола украдени се околу 7.000 денари и педесетина евра, а од Св. Кирил и Методиј околу 7.000 денари.

По увидот, најдени се траги кои се предадени на вештачење, а полицијата трага по сторителите.