Ограбено тобако во Скопје

Непознат сторител со закана со пиштол и употреба на физичка сила синоќа го ограбил „Тобакото Екстра Кофи“во Скопје, при што од вработениот одзел 18.500 денари.

Како што е наведено во полицискиот билтен, синоќа околу 19:50 часот во „Тобако Екстра Кофи“ на ул. „Народен фронт“ во Скопје непознат сторител со закана со пиштол и употреба на физичка сила од вработениот одзел 18.500 денари, по што го напуштил местото на настанот.

СВР Скопје презема мерки за пронаоѓање на сторителот и целосно расчистување на случајот.