Пешак загина во сообраќајка: Возачот не застанал, туку заминал во полиција

На 14.10.2017 година околу 23:15 часот на магистралниот пат А-3 Велес – Штип кај клучката за с.Каратманово, се случила сообраќајна незгода.

Патничко моторно возило „Пежо 406“ со струмички регистарски ознаки, управувано од О.М.(33) од Струмица удрило во пешак Т.Ј.(57) од с.Мамутчево – Велес, при што истиот починал на лице место, а возачот не застанал туку продолжил кон Секторот за внатрешни работи – Велес, каде го пријавил случајот.

Увид извршила екипа од Полициската станица – Св.Николе, а по наредба на јавен обвинител над телото на починатиот ќе се врши обдукција.

О.М. е приведен во полициска станица, а неговото возило се наоѓа во кругот на Секторот за внатрешни работи-Велес.