По гаснење пожар на Криволак, почина професионален војник на АРМ

Триесет и петгодишен професионален војник од Штип, почина на пат за неготинската болница, откако му се слошило по гаснење на пожар на воениот полигон Криволак.

Имено, по боевото гаѓање на единиците на АРМ се запалила сува трева на полигонот, по што ведаш биле испратени неколку екипи да го изгаснат.

Сега починатиот војник бил во третата група. По ставањето на контрола на огнот, тој со неговите колеги седнал да се одмори кога се пожалил дека не се чуствува добро и побарал да си замине дома.
Откако влегол во возило на воената полиција се почуствувал уште полошо.

Колегите и доктор кој бил како дел од екипата пробале да му пружат прва помош но кога виделе дека состојбата е тешка веднаш се упатиле кон неготинската болница.

По пристигнувањето таму докторите направиле обид за реанимација кој за жал бил неуспешен.

На барање на јавен обвинител телото на починатиот е предадено на обдукција, по што ќе бидат познати точните причини за смртта на војникот.