Повреден со нож 15-годишник од соученик

Петнаесетгодишен ученик е повреден со нож во вратот од страна на соученик во тепачка што се случила вчера изутрина околу девет часот во Основното училиште „Петар Здравковски – Пенко“.

Министерството за внатрешни работи денеска информираше дека тепачката настанала  помеѓу двајца ученици на 15-годишна возраст од Скопје. Во тепачката еден од учениците бил повреден со нож во пределот на вратот.  Укажана му е лекарска помош во Клинички центар Скопје, каде му била констатирана телесна повреда, по што бил пуштен на домашно лекување.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.