Самоубиство во Демир Хисар

samoubistvo

Д.Т. (59) од  Демир Хисар вчераутро околу осум часот извршил самоубиство, фрлајќи се во бунар.

Како што соопшти полицијата, несреќата се случила на улицата „4-ти Јули“ во дворното место на Д.Т.

Смртта ја констатирал лекар од Итната медицинска помош, а увид извршила екипа на СВР Битола.