Старица починала во пожар во скопско Буковиќ

brza-pomosh

М.Б. (83) вчера била пронајдена почината во изгорен кат од куќа во скопското село Буковиќ.

Како што информира МВР, вчера во ЕИК–Скопје било пријавено дека во 13:25 часот во село Буковиќ од засега непознати причини избувнал пожар во куќа сопственост на Р.Б. (49), при што целосно биле изгорени приземјето и катот, каде била неговата мајка М.Б. која била пронајдена почината.

Пожарот бил изгаснат од екипи на Бригадата за противпожарна заштита. По наредба на јавен обвинител, телото на почината е предадено на семејството за погреб.