Тешка кражба во Прилеп

Во периодот од 09.00 часот на 27.05. 2017 до 01.00 часот на 28.05.2017 година во Прилеп, на ул.„Цане Коњарец“, во куќата сопственост на Р.С. (57), непознат сторител извршил тешка кражба.

Сторителот насилно ја отворил влезната врата, влегол внатре и по извршеното пребарување одзел пиштол „Црвена Застава“ калибар 9мм, кој Р.С. го поседувал со дозвола и 20.000 денари, по што го побегнал во непознат правец.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.