Тешка сообраќајка во Кочани, загина возач

Дваесет и девет годишниот Н.Н. од Кочани го загуби животот во сообраќајна несреќа која се случила вчеравечер на улицата „Глигор Апостолов Гочо“ во Кочани околу 01:45 часот.

Од полицијата информираат дека Н.Н. управувајќи автомобил „Форд“ изгубил контрола над возилото, удрил во дрво па во метален сообраќаен знак, по што се превртел.

Со тешки повреди возачот бил пренесен во здравствениот дом во Кочани каде починал.

Полициски екипи извршиле увид на местото на несреќата.