Тешка сообраќајна несреќа во Кочани, едно лице почина

На 21.10.2017 година во 1:45 часот на ул. „Глигор Апостолов Гочо“ во Кочани се случила сообраќајна незгода во која Н.Н. (29) од Кочани, управувајќи патничко возило „Форд“ со кочански регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото, удрил во дрво покрај патот, а потоа во метален сообраќаен знак, по што се превртел.

Во незгодата, возачот Н.Н. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Јавна здравствена установа Кочани, каде починал.

Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и екипа од Полициската станица Кочани.