Тешка сообраќајна несреќа во Скопје

На 21.10.2017 година во 00.05 часот на крстосница од ул. „Христо Татарчев“, ул. „Сава Ковачевиќ-1“ и ул. „Сава Ковачевиќ-11“ во Скопје се случила сообраќајна незгода во која патничко возило „Пежо 206“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.Ј. (22) година од с.Сопиште, скопско, удрил во три паркирани возила – „Шкода Октавија“ со скопски регистарски ознаки, паркирано од Ј.Ј. (30) од Кратово, „Фолксваген Бора“ со скопски регистарски ознаки, паркирано од Љ.Н. (55) од с.Стајковци, скопско и „Фиат Добло“ со скопски регистарски ознаки, паркирано од непознат возач.

По незгодата, со возило на Итна медицинска помош Б.Ј. бил пренесен во Градска општа болница „8 Септември“, каде му биле констатирани телесни повреди, му била укажана лекарска помош и бил пуштен на домашно лекување.

Возачите Ј.Ј. и Љ.Н. со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во Градска општа болница „Св.Наум Охридски“, каде им била укажана лекарска помош.

На Љ.Н. му биле констатирани телесни повреди и бил пуштен на домашно лекување, а на Ј.Ј. му биле констатирани тешки телесни повреди опасни по живот и бил задржан на понатамошно лекување. Увид на местото на настанот извршила екипа на СВР Скопје.