Загина кумановец во несреќа со трактор

Педесет и петгодишниот Д.А. од кумановското село Габреш вчера попладнето го загуби животот превртувајќи се од тракторот со кој орал.

Како што соопшти полицијата, синоќа околу 18:45 часот во нива во кумановското село Габреш, Д.А. (55) од ова село, орајќи се превртел со тракторот и починал на место на настанот.

Увид извршила екипа од СВР-Куманово. Со согласност на јавен обвинител телото на починатиот е оставено на семејството.