Косовец приведен кај касарната Илинден, правел скици и цртежи

Полицијата вчера околу 10 часот го привела 58 годишниот Х.Р. од Косово кој бил затекнат во кругот на касарната Илинден.

Од полицијата информираат дека лицето е приведено поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело “неовластено влегување во воени објекти и правење скици или цртежи на воени објекти и борбени дејствија“.

По целосно расветлување и документирање на случајот ќе му биде поднесен соодветен поднесок и ќе се превземат понатамошни дејствија.